Утревечер во Драмски театар: Скопска премиера на претставата „Несоодветно за на работа“

Претставата „Несоодветно за на работа“ ќе се изведе во рамки на 44. Меѓународен театарски фестивал МОТ.

Режисер на претставата е Доналд Ворен Мофет, а во неа глумат Зоран Љутков, Ирена Ристиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Дамјан Цветановски и Стефан Вујисиќ. Костимограф е Александар Ношпал. 

Првата реприза на „Несоодветно за на работа“ ќе биде в сабота (21.9.) од 20:00 часот.

„Несоодветно за на работа“ својата премиерна изведба ја имаше во рамки на фестивалот „Охридско лето“ на 27-ми јули во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот