Утре Илинден

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Утре е Илинден. Тој е ореолот, еден од најголемите национални празници на Македонија и на Македонците. Илинден бил голем и кога Македонија не беше Северна. Беше значаен и кога Македонија беше „само“ Социјалистичка. Беше важен и кога беше ФИРОМ. Беше нешто големо кога Македонија не беше ни држава. Илинден беше значаен и во времето кога Македонија ја создаваа лидерите на ВМРО и кога Македонија ја градеа водачите на Комунистичката партија. Зошто? Затоа што од Македонија ќе немаше ништо ако немаше народ зад нив. Тие не беа сами, не мислеа само на своите. Зад нив застанаа Македонците со или без име на државата, зашто пред нив ја имаа идејата- Македонија. И сега Илинден е важен за Македонците и за сите други кои се бореа за Македонија. Ќе биде таква каква што сите ние ќе ја направиме да биде. Таа не е само ваша, таа не ниту само наша, таа е заедничка. Зашто Македонија, во нашите срца, била Северна или Европска, или Вардарска или Илинденска е едноставно МАКЕДОНИЈА.

И утре ќе биде така.

Паметам дека на Гумење или на Мечкин камен истиот народ се собирал и кога на говорницата се ределе Колишевски и Чемерски или Глигоров и Андов, Георгиевски и Црвенковски или Груевски и Димитриев. Утре ќе биде Заев, по него некој друг.

Важно е да имаме достоинствено Утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот