Утре започнува Скопскиот маратон! ВИДЕТЕ кои улици ќе бидат затворени

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје почнувајќи од денеска во 19 часот, до утре до 18 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација – „Виз Ер Скопски Маратон 2019″ со почеток во 08.30 часот.

МВР денеска соопшти дека за трката од 5.000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на улица „Димитрие Чуповски” право по улица „11-ти Октомври” во правец кон Градска Болница, право кон “Црвен Крст”, кај Тутунски комбинат лево по булевар „Крушевска Република”, па десно по булевар „3-та Македонска Бригада”, право по булевар „3-та Македонска Бригада” до крстосница со улица „Црвена Вода 7″ каде што се врти полукружно па право по булевар „3-та Македонска Бригада”, десно по улица „Фрањо Клуз”, лево по спротивната насока на движење на булевар „Кузман Јосифовски Питу”, лево по булевар „Кочо Рацин” десно по улица „11-ти Октомври” до целта – Собрание на Р. Северна Македонија.

Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку Порта Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на улица „Иљо Војвода”, лево по мост Гоце Делчев, право по булевар „Илинден” лево по улица „Љубљанска”, право по улица „Московска”, десно по улица „Војвода Васил Чакаларов”, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов”, право по улица „Димитрие Чуповски”, право по улица „11-ти Октомври”, лево по булевар „Крушевска Република”, десно по булевар „3-та Македонска Бригада”, лево по улица „Фрањо Клуз”, десно по булевар „Јане Сандански” до крајот пред семафорот со булевар „Србија” се врти назад по булевар „Јане Сандански”, лево по улица „Фрањо Клуз”, десно по булевар „3-та Македонска Бригада”, лево по булевар „Крушевска Република”, десно по улица „11-ти Октомври”, право до пред Собрание на Р. Северна Македонија каде што е и целта.

И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон, кој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на Р. Северна Македонија продолжуваат уште еден круг право по улица „Димитрие Чуповски”, десно по булевар „Св. Климент Охридски”, лево по булевар „Илинден” и се трча истата рута како од првиот круг.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот