Утре во „Слободен печат” ќе бидат објавени имињата на 138 лица што не примиле решенија од ДСЗИ

epa08246700 A Macedonian police officer wears a face mask at the Tabanovce Serbian - North Macedinian border near Kumanovo, Republic of North Macedonia, 25 February 2020. The Macedonian government decided to take stronger control on border crossing because of recent Coronavirus cases in Italy. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во утрешното печатено издание на ,,Слободен печат” ќе бидат објавени имињата на 138 лица што не примиле решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат по различни основи. Во врска со оние лица што не го примиле решението за изолација, поради тоа што инспекторите не можеле да ги најдат на домашна адреса, „Слободен печат” го праша министерот за здравство Венко Филипче, како овие лица ќе се контролираат од полицијата ако воопшто не може да им се достави решението на домашната адреса.

– Да, разговаравме, најнапред беше предизвик да го најдеме начинот како јавно да се објават решенијата. После бројните консултации со Агенцијата за заштита на личните податоци и консултација со правните експерти дојдовме до решение. Станува збор за 138 лица кои требало да добијат решение, а кои биле недостапни за инспекторите на ДСЗИ. Претпоставувам дека полицијата со поинтензивна работа на терен ќе може да стигне до овие лица. Инспекторите интензивно работеа на терен, но имаше огромен број на решенија што не ги поделија. Сметам дека полицијата многу поефикасно може да ги најде овие лица и да ја изврши оваа работа. Ова се лица кај кои што не било можно да се достават овие решенија ни по пошта и биле враќани – рече министерот.

Согласно Законот за општа управна постапка член 84, Државниот санитарен и здравствен инспекторат отпочна со јавна објава на лицата за кои не е извршена уредна достава на решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот