Утре во Охрид состанок на историчарите на Македонија и Бугарија

Знаме на РСМ и Република Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

Премиерот Зоран Заев најави дека денеска ќе се сретне со македонските историчари од мешовитата комисија на експерти кои треба да најдат заедничко решение со бугарската страна.

– Во текот на денот веројатно ќе се сретнеме. Ќе имам средба заедно со претставници од Кабинетот на министерот Димитров и моите советници за надворешна политика, затоа што утре следува средба со Комисијата од бугарска страна – рече Заев.

Последните состаноци на мешовитата комисија завршија без успех, немаше договор за тоа чиј бил Гоце Делчев. Наредниот состанок треба да се одржи утре во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот