Утре состанок на Комисијата за заразни болести: Ќе се бара карантин или ПЦР и сертификат на граница?

Граница Грција/ Фото: Слободен печат/Ристо Пејовски

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе разговара дали поради ширењето на делта-видот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции, а неофицијално во опција е одлука за карантин, негативен ПЦР или да се покаже сертификат за вакцинација кај патниците кои се враќаат од ризичните земји.

Засега Македонија само за патниците од Индија има условен влез од 14 дневен карантин, но утре се очекува да се прошири листата со други високоризични земји.

Новиот сој се уште не е увезен во Макеоднија, а во однос на овој проблем за построги рестрикции размислуваат и во Србија и Албанија

Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот