Утре снег во поголемиот дел од земјата

Снег, сообраќај, луѓе
Попладне во западните и северните делови облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи, претежно од снег/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Времето денеска ќе сончево со мала локална облачност. Попладне во западните и северните делови облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи, претежно од снег. До изутрина во овие делови ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб, а во западните подрачја умерен ветер од западен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Времето во Скопје сончево, попладне облачноста ќе се зголемува, а текот на ноќта ќе има врнежи од снег и формирање на помала снежна покривка. Температура ќе биде до 6 степени.

-Утре во поголемиот дел од земјава ќе има врнежи од снег, пообилни во западните подрачја, особено претпладне. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерн, вдолж Повардарието засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Оттаму истакнуваат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот