Утре „Скопје трча 2019“, еве по кои улици нема да може да се помине со возило

facebook.com/SkopjeRun

Во Скопје утре во времето од 08.00 до 11.30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10К 2019″, и тоа трка на 10 км и штафетна трка 2 х 5 км.

Притоа, предвидената траса на движење е од булевар „Илинден” (во двете насоки), крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче” (фонтана Градски парк) до крстосницата со улица „Никола Парапунов”, потоа лево по улица „Никола Парапунов”, десно по булувар „Партизански Одреди” до крстосницата со улица „Ангел Динев” (мост Влајко), полукружно назад по булевар „Партизански одреди” (во насока кон „Сити Мол”) до крстосницата со улица „Љубљанска”, па полукружно назад по булевар „Партизански одреди”, десно по улица „Никола Парапунов” и десно по булевар „Илинден” до целта (фонтана Градски парк).

Како што соопшти МВР, од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот