Утре штрајк на словенечките полицајци

Словенечка полиција/ Фото Архива на Слободен печат

 Словенечката полиција утре почнува „бел” штрајк, што може да влијае на сообраќајот на граничните премини со Хрватска, соопшти денеска Полицискиот синдикат на Словенија.

Штрајкот почнува во 7 часот наутро.

Синдикалците се незадоволни затоа што не беше реализиран договорот со поранешната влада, според кој на некои категории полицајци требаше да им се зголемат платите.

Тие тврдат дека сегашната влада го поништила тој договор со закон донесен во септември, без консултација со синдикатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот