Утре седница на Советот за безбедност

 Во Кабинетот на Претседателот утре напладне ќе се одржи 13-тата седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија на која ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

Видео на денот