Утре се отвора најголемата изложба на Леонардо да Винчи: Eдна голема мистерија уште не е решена!

Wikipedia

Најголемата изложба на делата на Леонардо да Винчи ќе биде отворена утре во францускиот музеј „Лувр“, по повод 500-годишнината од смртта на уметникот.

Најважното случување во светот на уметноста во последниве неколку години предизвика големо внимание од јавноста, па на отворањето ќе можат да присуствуваат само оние кои навреме си резервирале влезници.

Ова ќе биде прв пат на едно место да се најдат толкав број слики, скици и цртежи на овој ренесансен гениј. Родната Италија на Да Винчи и помогнала на Франција во подготовките и на неколку месеци и отстапила неколку од највредните дела на Да Винчи.

Меѓутоа, уметничкиот свет сè уште шпекулира дали „Спасителот на светот“, најскапата и една од најконтроверзните слики во светот ќе се најде на изложбата.

Leonardo da Vinci, Salvator Mundi, c.1500, oil on walnut, 45.4 × 65.6 cm.jpg
Wikipedia

Изложбениот простор е осмислен така за лесно да се прилагоди во случај некои од делата да не стигнат, што укажува на тоа дека авторите уште не знаат дали ќе стигне мистериозното дело, за чија локација се шпекулираше последниве месеци.

Вредноста на „Спасителот на светот“ вртоглаво порасна од 1.175 долари на 450 милиони, кога во 2008 година тим експерти процени дека станува збор за оригинал на Да Винчи.

Се верува дека сликата еден период била дел од колекцијата на англискиот крал Чарлс Први, а потоа од историските архиви исчезнала кон крајот на 18 век. Потоа во 19 век се појавила во збирката на еден британски индустријалец.

Сликата во 1958 година е продадена во вредност од 1.350 долари, а во 2005 година на аукцијата во Њу Орлеанс за 1.175 долари.

Новите сопственици, Роберт Сајмон и Александар Периш ја однеле кај конзерваторката Дајана Модестини. Таа ги отстранила сите дополнителни слоеви, после што е утврдено дека делото го насликал Леонардо да Винчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот