33.8 C
Скопје

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Со повеќе настани и манифестации утре во Македонија ќе се одбележи Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Снежана Калеска-Ванчева и Бети Стаменковска-Трајкоска, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, утре ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта, додека заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ќе ја посетат канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност.

Денот на победата над фашизмот ќе го одбележи и ВМРО-ДПМНЕ со организирање настан на Могилата на непобедените во Прилеп, на кој обраќање ќе имаат лидерот на партијата Христијан Мицкоски и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев”, Александар Пандов.

 По повод денот на Европа утре ќе има и планинарски марш во организација на Европското движење.

Поврзани вести

Пендаровски-Мими Кодели: Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со ЕУ бидејќи тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион

Слободен печат

Гир: Сите сакаме отворање на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави

Слободен печат

Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка

Димитров: Блокадата на Северна Македонија е проблем и на ЕУ

Слободен печат

Новиот сој ламбда станува доминантен во Јужна Америка, експертите се загрижени

Слободен Печат

Спасовски: Од понеделник започнуваме со повторно издавање на лични документи

Андреја Ристески

Остави Коментар