Утре пред МКЦ: Промоција на албумот „Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid“

Утре, во 14 часот на платото пред МКЦ, во рамки на петтото издание на манифестацијата Today It’s All About Jazz Vol.5. ќе биде промовиран албумот „Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid“.

 

Албумот e првенче на ЗЏМ Рекордс, и претставува албум снимен во живо на концертот одржан во Антички театар, 2019 година.

Магичниот оркестар кој изведува авторски композиции на матичниот диригент на ЗЏМ Биг Бендот, оркестратор, композитор и мултиинструменталист Џијан Емин, е составен од членови на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот и гудачи од Македонската Филхармонија.

Со онлајн стриминг на концертот Dzijan Emin & Magical Orchestra – Life in Ohrid на 30 април беше одбележан и Меѓународниот ден на џезот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот