Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Сообраќај во Скопје. / Фото: МИА

Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај, поради одржување на атлетска трка на 10 км – „Водно 10К”. Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Трката е о организација на атлетски клуб „Фортиус”, а како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот