Утре почнуваат рамазанските пости

По истекот на месецот Рамазан, настапува тридневниот празник Рамазан Бајрам.

Вечарва со заоѓањето на сонцето за верниците од муслиманска вероисповед започнува светиот месецот Рамазан, а сите активности ќе бидат прилагодени на актуелната ситуација во согласност со мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Рамазан е месец на задолжителен пост за сите полнолетни, здрави припадници на муслиманската религија.

Постот подразбира воздржување од храна и пијалаци, но и од лоши мисли и дела од изгревање на сонцето до неговото заоѓање.

Месецот Рамазан е деветти месец според муслиманскиот календар и тој некогаш има 29 а некогаш30 дена.

Годината според муслиманскиот календар е пократка за десет дена па затоа овој месец постојано се поместува секоја година.

Рамазанскиот пост е најголема верска обврска и еден вид „вежба на издржливост“, сила, волја и вера.

Постот служи за промовирање на солидарност со оние кои се жедни и гладни поради сиромаштија, а не по своја волја.

По истекот на месецот Рамазан, настапува тридневниот празник Рамазан Бајрам.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот