Утре почнува Џифони Македонија

прес за џифони фестивал

Отворањето на Џифони е утревечер во Кинотека на Македонија со проекцијата на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“, а секоја вечер во 19 часот ќе има проекција на различни филмови, за кои влезот е бесплатен, но потребно е да се резервираат билети преку линк на веб страната на Џифони Македонија.

Од 25 до 30 септември ќе се одржи 8.Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Најголемиот дел од програмата ќе се одвива онлајн, а во вечерните часови ќе има и пет филмски проекции во живо. 

Директорот на Џифони Македонија, Дарко Башевски денеска на прес конференција истакна дека учесниците ќе имаат можност преку платформата youth.mk да ги следат креативните работилници, проекции на кратки и анимирани филмови, дискусии и средби со познати личности.

Отворањето на Џифони е утревечер во Кинотека на Македонија со проекцијата на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“, а секоја вечер во 19 часот ќе има проекција на различни филмови, за кои влезот е бесплатен, но потребно е да се резервираат билети преку линк на веб страната на Џифони Македонија.

-Темата на „Џифони Македонија 2020“ е Земја, како дел од тригодишниот циклус посветен на животната средина (2018-Вода,2019-Воздух), кој се совпаѓа со 50 годишнината од основањето на матичниот фестивал „Џифони Експириенс“, рече Башевски.

Програмскиот директор на Џифони Македонија, Деа Крстевска-Тамборини, истакна дека ниту оваа година, иако фестивалот е онлајн, нема да изостанат едукативните содржини.

-Ќе бидат организирани осум креативни работилници што ќе се одвиваат во текот на петте дена, како и една еднодневна работилница за готвење наменета за најмладите. Сите работилници се водени од професионални предавачи, а ќе се одржуваат онлајн, преку интерактивна врска со сите учесници. Креациите и творбите кои ќе произлезат од работилниците ќе бидат прикажани на свеченото затворање и поставени на дигиталната платформа, истакна Тамборини.

Официјалната филмска програма наменета на учесниците вклучува 12 долгометражни играни филмови и 35 краткометражни филмови.

Во попладневните часови ќе се одржат вкупно осум мастеркласови, на кои учесниците ќе бидат поврзани интерактивно, а потоа ќе се снимаат и ќе бидат емитувани во стриминг, достапни за поширока публика. На една од средбите ќе им се обрати Клудио Губитози, директор и основач на „Џифони Експириенс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот