Утре очекувајте гужви во Скопје, ССМ ќе блокира во Автокоманда во утринскиот шпиц

Сојузот на синдикати на Македонија, кој стапи во генерален штрајк минатата недела, од утре почнува со порадикални мерки и најави дека ќе го блокриа влезот во Скопје во Автокоманда за време на утринскиот шпиц, од 7 до 10 часот.

Од ССМ велат дека блокадите на улиците ќе продолжат и во наредните денови, на различни локации, сѐ до исполнување на барањето за зголемување на платите на сите вработени во јавниот сектор за 2.806 денари.

Најавуваат дека слични акции како утрешната, се планираат и во следните денови.

„Па, најверојатно повторно ќе се вратиме и пред Владата и пред Собранието и пред другиот влез и излез на Градот Скопје. Не сакаме да останат глуви на нашето барање, веќе кога седнавме на маса и почнавме преговори и договоривме одредени работи, треба да се одврзе ќесето во Министерството за финансии и да се предвидат овие 30 милиони евра за сите вработени да бидат задоволни до крајот на годината. Можеби нема да бидат презадоволни, но на еден начин ќе се ублажи ценовниот шок“, вели Иван Пешевски, потпретседател на приватен сектор при ССМ.

Но, ССМ донесе и одлука за мирување на штрајкот во три општини, откако Делчево, Виница и Демир Капија беа погодени од поплави.

-Во другите општини и во Градот Скопје секако ќе си продолжи штрајкот, а дел од екипите ќе одат таму да помогнат. Во смисла, останатите со 10% секако ќе работат, а 90% од вработените ќе си штрајкуваат. Значи, останува само во тие општини коишто беа кризни да се одвиваат оние работи за да се помогне на граѓаните и тука сме солидарни, секако дека дел од нашите екипи ќе одат на лице место, меѓутоа останатите си продолжуваат да си го искажат незадоволството, вели Пешевски.

Штрајкот на ССМ почна во средата. Вработените под државна капа велат дека поскапе сѐ, освен платите и дека со парите кои ги заработуваат не може да се преживее, а камоли да се живее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот