Утре нова рунда разговори на работните групи за законот за јавно обвинителство

Предлогот се чита и како барање за ново Специјално јавно обвинителство, Фото: МИА

Разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статсус на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат утре во 15 часот, потврдија за МИА од Министерството за правда.

Според министерката за правда Рената Дескоска, ВМРО-ДПМНЕ со 65-те амандмани за законот за јавно обвинителство има намера да го уништат Специјалното јавно обвинителство и да се запрат сите постапки.

-Со тие амандмани се уништува СЈО, се уништуваат истрагите, предистражните постапки и постапките кои ги презело СЈО. Тоа не се амандмани кои можат да го подобрат текстот – изјави Дескоска за ТВ21.

Таа не е оптимист дека ќе биде постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ, но, сепак, како што вели не се откажуваат од процесот на разговори.

Законот за јавно обвинителство се носи со двотретинско мнозинство и е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот