Утре нов протест за Русино, Таравари и екоактивистите во четврток на средба со министерот Нуредини

Фото: МИА
Гостиварскиот градоначалник, Арбен Тараври попладнево се сретна со претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух во Гостивар. Откако ги слушна нивните барања, Таравари нагласи дека и тој ги поддржува, прво како граѓанин на Гостивар, а потоа како градоначалник.
На нивното последно барање за средба со министерот за животна средина, Насер Нуредини, таткото на градот во телефонски разговор со министерот, закажа состанок за четврток со почеток во 9:30 часот во Скопје. Екоактивистите очекуваат од средбата со министерот Нуредини, на која ќе учествува и Таравари,  да се преземат активности за пронаоѓање на друга локација и конечно решение за „Русино”.
На крајот од состанокот, Таравари исто така вети дека утре ќе учествува на протестот на „Стоп Русино” со почеток во 17 часот, бидејќи, како што рече, тој е против оваа депонија да остане во Гостивар. Истата поддршка ја доби иницијативата од претставници на политичките партии во Гостивар. Инаку, иницијативата од саботата минатата недела, го блокираше ЈП Комуналец да депонира смет во „Русино”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот