Утре нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и грмежи

Од утре и во наредните денови во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури утре ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 35 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 34 степени.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во понеделник.

Во следниот период дневните температури ќе опаднат па во понеделник само понекаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот