Утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во повеќе скопски населби

Струја штекер / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Утре ќе има краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи. ЦУК известува дека заради планирани технички зафати на главниот далекувод Југ Нова, утре, 24 септември, ќе има краткотрајни прекини со снабдувањето на електрична енергија на териториите на Скопје согласно електродистрибуција Скопје. Конкретно, прекините ќе бидат од 16 до 19 часот во реонот на населбите Аеродром, Пролет, Мичурин, Кисела Вода, Припор, Пржино и Црниче во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот