Утре ќе биде студено со обилен дожд, на планините и снег – еве какво време нè очекува викендов

Дожд Гужва/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во следните денови времето ќе биде студено, а во петок ќе врне обилен дожд во повеќе делови од земјата.

„Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е дел од висинскиот циклонски систем западно и југозападно од Македонија, времето во земјата ќе биде облачно и студено до крајот на денешниот ден (четврток), а исто така и утре (петок). Се очекуваат повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините и во повисоките населени места, особено во западните и северните предели, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, што ќе резултира со формирање на нова снежна покривка“, велат од УХМР.

Во текот на овој период на врнежи, локално ќе наврне значително количество на воден талог, над 20 литри на квадратен метар. Особено утре (петок), се очекува повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Во Скопскиот регион, времето ќе биде облачно со повремен дожд, кој понекогаш може да биде пообилен. На околните планини, врнежите од дожд исто така ќе преминат во снег. Утре, ветерот ќе биде засилен, а максималната температура во Скопје ќе достигне околу 9 степени.Температурите во Македонија ќе се движат во интервалот од 4 до 10 степени, прогнозираат синоптичарите.

За време на викендот, времето ќе се стабилизира со разведрување и суви услови, но утрата ќе бидат значително постудени со појава на мраз. Температурите во утринските часови ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, а во Скопје утринските температури ќе достигнат околу -2 степени.Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, а во Скопје тие ќе бидат помеѓу 11 и 12 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот