Утре ќе нема струја во повеќе скопски општини

струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од „ЕВН Македонија” АД, без струја од 6:30 до 11 часот ќе бидат корисниците од с. Варвара и дел од с. Батинци во Општина Студеничани, од 7 до 13 часот корисниците од објектите кои се наоѓат во близина на ЈЗУ Универзитетска Клиника по хирушки болести, „Св. Наум Охридски” на ул. 11-ти Октомври во Општина Центар и од 9 до 12 часот, објектите во кругот на спортскиот аеродром, „Стенковец”. во Општина Чучер Сандево.

Утре без напојување со електрична енергија од 9 до 12 часот ќе бидат и корисниците од дел од село Горно Оризари во Општина Ѓорче Петров, во Општина Карпош, пак, без струја од 9 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Пресека и дел од ул. Сливовска, од 9:30 до 11 часот корисниците од дел од ул. Бранислав Нушиќ, од 9:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Букурешка и од 11 до 15 часот корисниците од дел од ул. Париска и ул. Хелсинска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот