Утре е Света Петка: Заштитничка на сиромашните и болните

Фото: Alamy / Profimedia

Православните верници во недела, 27 октомври, ја празнуваат Преподобна Параскева-Петковден, или кај народот позната како света Петка. Ова светица била заститничка на сиромашните и болните.

Денес, еден ден пред празникот, народот верува дека веднаш по вечерата треба да се оди на спиење. Откако верниците се прекрстуваат три пати, треба да ја изговорат молитвата на света Петка.

Традицијат говори дека вообичаено е да се моли само домаќинот, додека жените и децата само три пати се прекрстуваат. По молитвата се спие. Главата секогаш треба да биде свртена кон исток, едната рака под главата, а другата треба да биде испружена. Секогаш се лежи на десната страна.

Верувањата говорат дека собите каде што спијат децата се светат со темјан.

Во минатото, во селата верувале дека доколку во вечерните часови запеат петлите, една жена зема малку волна, ја фрла во огин и три пати вели: „Вие сте виновни, ние не сме, за вас болест, за нас здравје“. Се верува дека со огласувањето на петлите, се најавува нечија болест или смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот