Утре ден на жалост во Косово, Османи ја прекина посетата на Јапонија

Фото: Screenshot/YouTube

Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи понеделник, 26 јули, за ден на жалост во државата, во знак на почит за граѓаните на Република Косово кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во Хрватска, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од претседателскиот кабинет исто така се наведува дека по несреќата, во која животот го загубија десетмина косовски печалбари во Германија, Османи ќе ја прекине посетата на Јапонија, каде што престојува по повод Олимписките игри, и утре ќе се врати во земјата.

Автобусот со косовски регистарски таблички, кој сообраќаше на релацијата Франкфурт – Приштина, утрово околу шест часот излета од патот и се преврте во близина на Славонски Брод, при што, според досегашниот биланс, загинаа девет патници и еден од двајцата возачи. Во болницата во Славонски Брод се примени на лекување 44 повредени патници, од кои 15 потешко. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот