Утре делови од скопските општини без струја

струја

Корисниците од зградата број 80, влез 2 на булеварот „Партизански одреди” во општина Карпош утре од 9.00 до 10.00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8.30 до 15.00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Загрепска”, а од 8.30 до 11.30 часот корисниците од сите непарните броеви од број 9 до број 23 на улицата „Васил Ѓоргов” во Општина Центар.

Во периодот од 9.00 до 17.30 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од село Долно Количани, а од 9.00 до 12.00 часот корисниците од улицата „Манчу Матак” во Општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија” АД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот