Утре делови од Чаир, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Центар без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради закажани технички зафати, без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Чаир, Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров.

Како што информира ЦУК – Скопје, во време од 12:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ресенска”, а од 08:30 до 10:30 часот дел од улицата „Мишко Михајловски” и околните улички.

Од 09:00 до 140:00 часот дел од улиците „Ибе Паликуќа”, „Кичевска” и „Зејнел Ајдини”. Од 10:30 до 13:00 часот дел од улиците „Ѓорѓи Димитров” и „Локов”, а од 09:00 до 10:30 часот улицата „Христо Смирненски” број 46, а

Во период од 09:00 до 14:00 часот улицата „Александар Македонски” и околината позади бензинската пумпа, улицата „Црногорска” број 49 и 51, улицата „Црногорска” 2 од број 2 до 72, улицата „Црногорска” 14 од број 2 до 14, улицата „Андреа Зограф”, дел од улицата „Смилевска” и дел од улицата „Борис Сарафов” во близина на бензинската пумпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот