Утре без вода ќе бидат делови од скопските општини Кисела Вода, Карпош и Центар

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Делови од скопските општини Кисела Вода, Центар и Карпош утре ќе бидат без вода поради изведување на водоводни приклучоци.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.105, утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода.

Од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од улиците „Преспанска“ и „Петричка“ во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Преспанска“ бр.46.

Од 8:30 часот, исто така, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Крагуевачка“ бр.9 во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Крагуевачка“ и Драган Ѓаконовски-Шпато“.

Корисниците во трите скопски општини ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите за поставување на водоводните приклучоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот