Утре без вода дел од корисниците во општина Центар

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

ЈП Водовод и канализација известува дека утре од 9.00 часот, поради промена на водоводен затворач (шибер) Ф 80 мм, на раскрсницата „Орце Николов“ со „Дане Крапчев“, без вода ќе бидат корисниците од ул. „Орце Николов“ на потегот од ул. „Ѓорѓи Пулевски“ до ул. „Костурски Херои“ и дел од улиците: „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недиќ“, во општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9.00 часот до завршување на интервенцијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот