Утре без струја неколку улици од Кисела Вода, Центар и Карпош, без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Без струја и вода
Без струја и вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Центар и Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиените известувања од ЕВН и ЈП Водовод и канализација, утре без струја ќе бидат:· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пушкинова бр. 4. ( Oпштина Кисела Вода ), од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 163, 164, 165 и Хусеин Бајрам во нас. Крњево ( Општина Центар ), а од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Демир Трајко и Његошева. ( Општина Карпош )

Во петок, без снабдување со електрична енергија од 08:00 до 16:00 часот, ќе бидат корисниците од делови од улиците: Коста Новаковиќ и Методија Шаторов – Шарло. ( Општина Аеродром )

Без вода, пак, утре, заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Среќко Пужалка бб, од 08:30 часот до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од дел од улицата Среќко Пужалка и нас. Товарник. ( Општина Гази Баба )

Заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Виктор Иго бр. 31 , од 09:00 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците од улиците: Виктор Иго, Невена Георгиева Дуња, Драга Стојановска и Дренак. ( Општина Кисела Вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот