Утре без струја неколку скопски општини

струја

Без електрична енергија утре неколку часа ќе останат корисниците во делови од општините Бутел, Центар, Чаир и Карпош.

Од РЦУК по известување од ЕВН информираат дека прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 08.15 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.„Натанаил Кучевишки”, дел од улица „Хоши Мин” и улица „Краишка” во општината Бутел, а од 08.30 до 12 часот, корисниците од СРЦ Кале и околни објекти на улица „Лазар Личеновски” во општината Центар.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Мара Междуречка” и улица „Иван Манолев” во општината Чаир, а од 9 до 13 часот корисниците од булевар „Партизански одреди” зграда број 153 во општината Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот