Утре без струја неколку скопски општини

Далновод / Фото: EPA

Утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од неколку улици во општините Илинден, Центар, Ѓорче Петров и Карпош.

Како што информираат од РЦУК-Скопје, без струја во периодот од 07.30 до 15.30 часот ќе бидат објектите лоцирани во индустриската зона Марино, Гранд Експорт, Текспорт, Хавел, Тосама Трејд, Розенберг, Пламтекс, Метал Солушн, Монмар, стамбените објекти на Унија Клуб со околните куќи, објектот на Два Брата Градители лоциран на улица „534″, објектите на КАМ Маркет, Спортската сала, модуларното училиште и градинката, како и корисниците од улиците број 501, 502, 503, 505, 506, 508, 509, 510, 517, 526, 528, 529, 531, 532, 533, 534, 535 и 537 во општина Илинден.

Во општина Центар во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе останат, корисниците од улица „163″ и улица „164″ во населба Крњево. Во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од улиците Филип Кљајиќ и Малешевска, општина Кисела Вода, од 9 до 14 часот, корисниците од улиците „Корушка” и „Драгутин Аврамовски Гуте”, како и дел од корисниците од улица „Иван Цанкар”, во општина Ѓорче Петров, од 9 до 15 часот, корисниците од улица „Сердарот”, дел од корисниците од улица „Нагоричанска”, во Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Букурешка” од број 30 до број 57 во општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот