Утре без струја делови од општините Сарај, Карпош и Ѓорче Петров и повеќе скопски села

ЕВН Македонија и Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре (недела) од 04 до 08 часо без електрична енергија ќе останат повеќе скопски села и населби од општините Сарај, Карпош и Ѓорче Петров.
Според соопштението струја нема да имаат корисниците од с.Волково, с.Кондово, с.Горно и Долно Свиларе, с.Грачани, с.Радуша, с.Дворце, с.Копаница, с.Рашче, с.Бојане, с.Сарај, с.Глумово, с.Грчец, с.Шишево, с.Арнакија, с.Паничари, с.Раовиќ, с.Ласкарци, с.Љубин, с.Буковиќ, с.Матка, Карпош 3, Карпош 4, дел од Влае, дел од Хром, Момин поток, Злокуќани, дел од Козле, дел од Нерези и Тафталиџе (општините Сарај, Карпош и Ѓорче Петров).