Утре без струја делови од четири општини

струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош и Гази Баба.

Од РЦУК Скопје информираат дека утре без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од село Глуво, Општина Чучер Сандево, како и корисниците од ул. „Индира Ганди” и дел од ул. „Јован Хаџи Шишков” во Шуто Оризари.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Женевска” од бројот 10 до бројот 17 и објектите во непосредна близина на бројот 17 во Општина Карпош.

Од 8:25 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од населба Трубарево, Краварство Трубарево, Репетиторот на МРТВ, Капитал инвест, Ергеле, Рибник, Сточниот пазар, Лук оил и ЧУКУР во Општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот