Утре без струја дел од скопските општини

струја

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК по известување од „ЕВН Македонија”, прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 8 часот до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Гаврил Радомир” во општина Аеродром, од 8 часот до 15.30 часот корисниците од дел од улица „Интернационални бригади” во општина Гази Баба, а од 9 часот до 12 часот, корисниците од улица „Фуштанска” до бр. 31 во општина Гази Баба.

Без струја од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Борис Трајковски” (подулица 32) и дел од с. Усје (до гробиштата) во општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот