Утре без струја дел од скопските општини

струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат корисниците од општините Карпош, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода, соопштуваат од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 08.30 до 15.00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улица „Сливовска”, улица „Пресека”, ул. „Був”, улица „Бабуна”, улица „Владимир Каваев”, Општина Карпош, како и дел од с. Долно Соње (кон Брзоец), Општина Сопиште.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од с. Ново село (околу спортската сала), Општина Ѓорче Петров, дел од с. Долно Лисиче, делот кон с. Јурумлери, делот кај Расадникот во Општина Аеродром, како и Водовод Јурумлери, дел Драчево кон Јурумлери, Графо Хартија, Вип Драчево, Општина Гази Баба и Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот