Утре без струја дел од Сарај, Центар, Илинден и Ѓорче Петров

евн Македонската Електродистрибуција ДООЕЛ
ЕВН / Фото: МИА

ЕВН информира дека утре, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Сарај, Центар, Илинден и Ѓорче Петров.

Од 08:15 до 10:30 часот, без струја ќе бидат, дел од корисниците од с. Глумово, Шишево и Матка, во општина Сарај.

Од 08:30 до 14:30 часот, дел од улицата „Партениј Зографски”, од бр. 65 до бр. 77, во општина Центар.

Во период од 08:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. 531 и дел од ул. 532, во општина Илинден.

Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Хераклеја”, „Никола Пушкаров”, „Браќа Чакреви”, во општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот