Утре акција за чистење во Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија утре ќе организира голема акција за чистење на целата територија на Општината што ќе опфати метење и миење на улиците, кастрење гранки и косење трева, како и чистење на дивите депонии на територијата на Општината.

Во чистењето ќе бидат вклучени 80 работници, општинската администрација и доброволци граѓани на Општина Аеродром. Чистењето ќе се одвива од Железничка станица, па сè до населбата Ново Лисиче.

Во рамките на оваа акција, во соработка со „Комунална хигиена“, ќе бидат поставени и контејнери за собирање кабаст отпад на следниве локации:
– улица „Коста Новаковиќ“ бр. 29 во Стар Аеродром,
– булевар „Јане Сандански“ бр. 72 зад ТЦ „Бисер“ и
– улица „Димитар Туриманџовски“ спроти амбулантата во населбата Лисиче.

Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот и правилно да го селектираат на соодветните места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот