Усвоени законите за отворање на граничните премини меѓу Мајден и Промахои и Маркова нога и Лемос

Пратениците попладнево во рамки на 106. седница ги донесоа законите за ратификација на спогодбите меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање два гранични премини, едниот е меѓу Мајден во нашата држава и Промахoи во Грција, а вториот е за регионот на Преспанското Езеро, односно ГП Маркова нога – ГП Лемос.

Овие два закона за ратификација на Спогодбата доаѓаат како резулат на заедничката иницијатива на пратениците од сите пратенички групи. Како што истакнаа тие, граничните премини ќе бидат од исклучителна важност за економската и трговската размена меѓу двете држави и значјани за туризмот и за граѓаните кои живеат од двете страни на границата.

Спогодбата за граничен премин Мајден – Промахoи е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор. Во неа се предвидува двете држави на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот