-2 C
Скопје

Усвоени нови мерки за Белград: Кафулињата, теретаните и продавниците ќе работат до 21 часот

На предлог на Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19, Владата на Република Србија на денешната седница усвои одлука за одредување посебни мерки за заштита на населението од оваа заразна болест на територијата на Град Белград, објавија српските медиуми.

Со оглед на тоа дека во Белград, моментално епидемиолошката состојба е најнеповолна, српската влада одлучи да дозволи да се организираат јавни собири најмногу до 10 луѓе, како на отворен, така и на затворен простор. Исто така во сите јавни затворени простори за секое лице мора да се обезбеди минимум 4 квадратни метри.

Угостителските објекти кои немаат тераса (трговски објекти, трговски центри, фризерски салони, теретани, кладилници) од денеска се обврзани да работат најдоцна до 21 часот, а повторно може да отворат од 6 часот наутро.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Објектите со тераса можат да работат до 23 часот со максимално почитување на сите заштитни мерки.

Во Србија денеска се потврдени 386 заразени и 18 починати лица од новиот коронавирус, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, додавајќи дека резултатите од протестите ќе се видат во следните денови.

Поврзани вести

Разбојништво во Кавадарци: Украдени пари од билетарницата на автобуската станица

Слободен печат

Во Велика Британија по грешка избришани 400 илјади полициски досиеја

Слободен печат

МВР: Санкционирани 368 лица за неносење маска

Слободен печат

Град Скопје: Водно ги исполнува критериумите за заштитено подрачје во V категорија

Слободен печат

Д-р Босилков: Потребна е хиперлокација на политиката која би создала повторна блискост помеѓу луѓето

Слободен печат

Работел по 18 часот, внатре затекнати 10 гости и газдата: Затворен угостителски објект во Куманово

Слободен печат

Остави Коментар