Усвоена националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Со реализацијата на целите и мерките од стратегијата, подвлече таа, треба да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, ефикасноста во користењето на јавните ресурси и јакнење на демократијата и општествените вредности.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси што во следните пет години треба да ја спроведат институциите, со цел да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во системот.

Собранието на Република Северна Македонија на почетокот на февруари се очекува да ја донесе Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, која денеска од страна на членовите на Комисијата му беше врачена на првиот парламентарец Талат Џафери.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, на претставувањето на стратегијата, посочи дека ризични области во кои најмногу се препознаваат коруптивните однесувања се вработувањата, процесот на јавни набавки, контролната и надзорна улога и донесувањето одлуки.

Прочитајте и...  Песков: Сите земји околу Нагорно-Карабах да се воздржат од воени активности и провокации

– Како причини за коруптивно однесување во овие области констатиравме дека најсилни ризични фактори се политичкото влијание, отсуството на личен и институционален интегритет, недоволната транпарентснот, отсуството на неказнивост и недоследностите и недореченостите во законската регулатива, изјави Ивановска.

Со реализацијата на целите и мерките од стратегијата, подвлече таа, треба да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, ефикасноста во користењето на јавните ресурси и јакнење на демократијата и општествените вредности.

– Главните цели на стратегијата се зголемување на нивото на политичка одговорност и свесно управување со политичкото влијание во јавниот сектор и спречување на полиричко влијание во работата на независните тела. Јакнење на интегритетот и отчетноста во јавниот сектор. Спроведување на надлежностите во јавниот сектор на законит, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин. Обезбедување на интегритет и транспарентност при вработувањето и политиките за човечки ресури во јавниот сектор базиран на систем на вредности и критериуми за квалитет. Јакнење на контролните и надзорни системи и дигитализација на сите сектори на јавните служби и намалување на  корупцијата во процесот на доделување грантови, субвеници и друга државна помош. Зајакнување на капацитетите и посветеноста на органите за спроведување на закон, на обвинителството и судството во откривањето и санкционирањето на корупцијата и јакнење на отпорноста на корупција во нивните редови, изјави Ивановска.

Прочитајте и...  Силна експлозија го потресе Париз (ВИДЕО)

Стратегијата, нагласи таа, предвидува и вклучување на граѓанското општество и медиумите во борбата против корупцијата во општеството, како и подигнување на јавната свест и спроведување на антикорупциска едукација.

– Во поглед на успешна имплементација на стратегијата неопходно е обезбедување на потребните ресурси како предуслов за остварување на стратешките цели. Нашата комисија е надлежна да го следи остварувањето на мерките и активностите од стратегијата и да подготвува годишни извештаи до Собранието, изјави Ивановска.

Националната стратегија денеска свечено ќе биде врачена во Собранието, кое потоа треба да усвои. Во изработката на стратегијата биле вклучени претставници од повеќе институции, приватниот сектор, медиуми, граѓански здруженија, експерти и претставници од релевантни меѓународни организации.

Прочитај повеќе

Димитров – Јан Хекер во Берлин: Реафирмација на германските напори за заокружување на Преговарачката рамка

Слободен печат

Меркел за тензиите меѓу Турција и Грција во Егејот: Мала е разликата меѓу конфликт и мирно решение

Слободен печат

Средба Заев – Чаба: Нови историски можности во евроинтеграциите и економијата за граѓаните и за државата

Слободен печат

Донација за ЈЗУ Здравствен дом Струмица: Заштитни маски и скафандери во вредност од 5.000 евра

Слободен печат

Нема потпис од Заев: Одлуката за прекин на флексибилното работно време повторно на Влада

Слободен печат

ССМ ги потсетува работодавачите: До крај на годината да ја исполните обврската за исплата на К-15

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Костадинов: Неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ излезе на виделина, 30. асистенти остануваат на улица

Слободен печат

Филипче: Ќе сторам се да нема заминувања од јавно здравственот систем поради проблем што може да се изменаџира

Слободен печат

Два дена по ред во Косово нема смртен случај од ковид-19

Слободен печат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ си се обезбедил статутарно: Мицкоски „имун“ на оставки во следните шест месеци

Соња Христовска Угриновска

Медиумска и психолошка војна во Нагорно Карабах: Азербејџан објави снимка од напад во кој гинат ерменски војници (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 во Србија за последните 24 часа: Нови 72 пациента и ниту еден смртен случај

Слободен печат