Усвоен Оперативниот план за вработување за 2021 година со четири пати поголем буџет од лани

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, го усвои новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година. Трансферот на средства од Буџетот на МТСП за оваа намена во однос на 2020 година ќе биде зголемен за повеќе од четири пати, поради последиците од пандемијата.

Како што соопшти МТСП, министерката Шахпаска истакна дека Министерството  во чиј фокус се ранливите  категории невработени лица, продолжува со креирање политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.

Со Оперативниот план за вработување за 2021 година, како што се посочува, во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување како и креирање на ад-хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на трудот во Република Северна Македонија предизвикана од пандемијата од КОВИД 19. Притоа, посебен  акцент беше ставен на директната  интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата.

– Социјалните партнери  присутни на денешната седница на Економско социјлниот совет го оценија Оперативниот план за 2021 година како сеопфатен и се согласија дека ги задоволува потребите на општеството . Со оглед на успешната  реализација на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата,  оваа година трансферот на средства за програми за вработување од Буџетот на МТСП во 2021 година во однос на 2020 година е зголемен за повеќе од четири пати, се наведува во соопштението.

На денешната седница била разгледана и усвоена и Програмата за работа на Економско социјалниот совет, а од социјалните партнери било побарано нивно активно вклучување во креирањето на мерки за петиот пакет економска помош од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот