Уставните судии во работна посета во Турција

Турција
Турција/ Фото Архива на СП

 На покана од  претседателот на Уставниот суд на Република Турција, проф.д-р Зухту Арслан, од денеска до 31 јануари, делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе оствари работна посета на Република Турција.

Делегацијата, како што информираат од Уставниот суд, ја предводи претседателот на Судот, Сали Мурати, а во состав од судиите Елена Гошева, Јован Јосифовски и д-р Осман Кадриу.

Во рамките на работната посета ќе се разменат мислења и искуства за актуелни уставно правни прашања од посебен интерес за двата суда и тоа за постигнувања во областа на човековите права во Туција со воведување на индивидуална жалба како правен лек пред Турскиот уставен суд и ефектот на механизмот „индивидуална жалба” во однос на жалбите поднесени против Турција пред Европскиот суд за човекови права, како и заштита на основните слободи и права во правниот систем на Република Северна Македонија со посебен овсрт на уставно судската пракса и предизвиците пред Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Покрај работниот дел од средбата, Делегацијата ќе има и бројни средби со претставници на највисоките судски власти, а ќе биде примена и од највисокиот државен врв на Република Турција.

Посетата, како што  велат од Уставниот суд, се реализира врз основа на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка, согласно кој досега се организирани бројни настани и има за цел понатамошно продлабочување на извонредно блиската и пријателска соработка помеѓу двата Суда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот