Уставниот суд засега нема оформено предмет за одлуката на Владата за доделувањето пари на високообразовни установи

Уставен суд/ Фото: МИА

По информации објавени од некои медиуми, Уставниот суд информира дека нема оформено предмети за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за доделување парични средства на одредени високообразовни институции од земјава ниту досега е доставена иницијатива за оценување на нејзината  уставност и законитост.

– По однос на Уредбата со законска сила која се однесува на вработените во СЈО, информираме дека е оформен предмет по претходно поднесена иницијатива од политичка партија. До денес, по овој предмет не е закажана седница на која би се разгледувал истиот. Истовремено нагласуваме дека за Уставниот суд е неприфатливо однапред да се шпекулира со исходот на било кој предмет, соопшти Уставниот суд.

Судот апелира до медиумите дека може да ги постават своите прашања до портпаролот на Судот или преку електронски пат на мејлот кој што е објавен на сајтот, со цел да се добијат веродостојни и точни информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот