Уставниот суд во вторник ќе одлучува за уставноста на одлуката за разрешување на албанскиот претседател Мета

Илир Мета
Албанскиот претседател Илир Мета/ Фото EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

 Уставниот суд на Албанија, во вторник, на 18 јануари, ќе одлучува за судбината на претседателот Илир Мета, со разгледување на одлуката за негово разрешување, донесена од парламентот во јуни минатата година.

Доколку седумте уставни судии одлучат во корист на одлуката на Собранието тоа би било прв преседан на разрешување на шеф на државата.

По информациите дека е можно судот да побара мислење од Венецијанската комисија, координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала, која и ја поведе иницијативата, рече дека „тоа би било попусто губење време”.

-Барање мислење од Венецијанската комисија би било попусто губење време. Доколку пак Уставниот суд одлучи да го разреши, нема да има име кое ќе седне во неговата фотелја, но нема да има ниту институционален вакуум, зашто се е предвидено со Уставот. Петгодишниот мандат на Мета завршува на 24 јули 2022 година а на почетокот на април, Собранието влегува во термините за избор на нов претседател, изјави Бала.

Во член 91 од Уставот стои дека кога „претседателот на Републиката е привремено неспособен да ги врши функциите или кога неговото место останува празно, до изборот на нов, неговите надлежности ги презема претседателот на Собранието”. Тоа значи дека претседателката на парламентот Линдита Никола ќе ги преземе и надлежностите на претседателот.

Разрешен или не од Судот, Илир Мета за неколку месеци, како што самиот најави, се враќа на политичката арена, на чело на партијата Движење за социјалстика интеграција (ЛСИ), што тој ја формира, а по изборот за шеф на државата партијата ја предводи неговата сопруга Моника Круемади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот