Уставниот совет на Франција го потврдува принципот на пропусницата за вакцинација

Вакцинација против коронавирусот во Франција
Вакцинација против коронавирусот во Франција / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Уставниот совет на Франција попладнево ја потврди употребата на пропусницата за вакцинација, „со наложување таа да се прекине веднаш штом повеќе не е потребно“, јави дописникот на МИА.

Од друга страна, тој ја цензурираше употребата на здравствената пропусница на влезот на политичките митинзи и состаноци. „Мудреците“ од Уставниот совет извршија строго испитување на пропорционалноста помеѓу уставното начело за заштита на здравјето и „правото на почитување на приватниот живот загарантирано со член 2 од Декларацијата од 1789 година, како и правото на колективно изразување на идеи и мислења кои произлегуваат од член 11 од оваа декларација”.

Уставниот совет нагласува дека „слободата на изразување и комуникација, од која произлегува правото на колективно изразување на идеи и мислења, е уште поскапоцена со тоа што нејзиното остварување е услов за демократијата и една од гаранциите за почитување на другите права и слободи. “. Начин како и секој друг за да се потсетиме од самиот почеток дека Франција влегува во важна изборна кампања.

Уставните судии сметаат дека законодавецот за да ја наметне употребата на пропусницата за време на политичките митинзи, требало повеќе да се ограничи временски и просторно. Покрај тоа, тој го критикува дека не ја подложил нејзината употреба на „интерес на јавното здравје и со единствена цел да се бори против епидемијата на Ковид-19, ниту на она што здравствената ситуација (…) во однос на вирусната циркулација или нејзината последица врз здравствениот систем“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот