УСС-УКИМ за првпат организира шест студентски научни конференции

УКИМ/ Фото: Архива на Слободен печат

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (УСС-УКИМ) заедно со факултетските студентски собранија, за првпат организира шест студентски научни конференции.

На студентските научни конференции, како што соопштија од студентското собрание, можат да се пријават студенти на сите три циклуси, на сите факултети од јавните и приватните универзитети. Пријавувањето е онлајн, преку испраќање на апстракт за научен труд.

Крајниот рок за испраќање апстракти е 15 август, а краен рок за испраќање изработен научен труд е 15 септември.

Студентските конференции ќе се одржат во текот на октомври, во различни датуми, а една конференција (СКЕЕОР) ќе се одржи во декември. Во зависност од препораките на здравствените власти, конференциите ќе се одржат со физичко присуство на факултетите на УКИМ или пак на една од платформите за видеоконференциски врски.

– Студентски научно-истражувачки конференции – МЕЕТ – Научна студентска конференција на студенти од Филозофски факултет и Педагошки факултет, СКГКП – Студентска конференција за глобални климатски промени, СКУН – Студентска конференција на уметници и научници, СНКН – Студентска научна конференција за нутриција, НИСКЕП – Научно-истражувачка конференција на Економски и Правен факултет и СКЕЕОР – Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој, појаснуваат од Универзитетското студентско собрание.

Секоја од студентските конференции, посочуваат, има своја централна тема и научни области на кои студентите можат да истражуваат. Сите информации поврзани со конференциите, како и Упатство за авторите за техничка подготовка на научни трудови, можат да се најдат на следниот линк.

– Целта на овие конференции е да се изградат капацитети за научно-истражувака работа кај студентите, да се создаде можност за нови сорабтки и вмрежување, и простор за споделување на мислења, ставови, идеи и иновативни решенија во различни области, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот