Успесите на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски-Буштур

На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал.

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Кисела Вода загина легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур.

Благоја Георгиевски – Буштур беше поранешен македонски кошаркар и југословенски репрезентативец. Георгиевски – Буштур бил член на младинската југословенска репрезентација. Со таа репрезентација предводена од Лазар Лечиќ, Благоја ја освоил Балканијадата во Риека во 1970 година. Потоа за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Буштур со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.

На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал.

Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал.

Клубски титули и успеси
Куп на Југославија : вицепрвак 1976, 1983
ФИБА Европски Куп на Победниците на Куповите : полуфинале 1975/76

Репрезентативни титули и успеси

Младинска репрезентација на Југославија
Балканијада: 1970
Европско првенство под 18 години : четврто место 1970

Сениорска репрезентација на Југославија
Европско првенство во кошарка: вицепрвак 1971
Летни олимписки игри: вицепрвак 1976

Во тешка сообраќајка вечерва загина кошаркарската легенда Буштур

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот