Успешно заврши Летната балетска школа на ,,Еуролинк осигурување’’ - Слободен печат
ВестиМакедонија

Успешно заврши Летната балетска школа на ,,Еуролинк осигурување’’

„Еуролинк осигурување“ заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници во школата им додели сертификат за успешно завршена балетска школа.

Во големата балетска сала при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ вчера се одржа завршниот час од Летната Балетска школа организирана од „Еуролинк осигурување“. Балетската школа започна на 19 јуни и во период од три недели младите балерини и балетани ги изучуваа вештините и основните техники во класичниот балет.

Летната балетска школа помина со многу забава и нови пријателства, а на завршната претстава која беше подготвена со многу љубов и труд, малите учесници пред своите родители презентираа што научиле во изминатите три недели. На тој начин се заокружи неколку неделното дружење и изучување на класичниот балет.

„Еуролинк осигурување“ заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници во школата им додели сертификат за успешно завршена балетска школа.

Активноста е дел од Платформата за Корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close