Успешно е реализиран проектот „Мониторинг на православно културно наследство” во Кумановско-осоговската епархија

Македонска православна црква г.г. Стефан
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Целта на проектот е увид во тековната состојба на црковните објекти, мапирање на нивната локација и достапноста, за кои последователно ќе се имплементираат стручните зафати и пропратни интервенции.

Проектот се спроведуваше по иницијатива на ИКОМОС Македонија, заедно во соработка со МПЦ-ОА, финансирани од страна на Амбасадата на САД.

Задачата на стручните лица од тимовите е да ја детерминираат состојбата на црковните објекти кои се тема на обработка, вклучувајќи го архитектонското обликување на црковните објекти, иконостасот, живописот и останатиот црковен инвентар, се со цел за успешно сублимирање на комплексноста на проектот. Тековната 2022 година тимот број 4 успешно го спроведе увидот кој беше предвиден во Кумановско-осоговската епархија, каде што во следната во план е теренскиот увид на црковните објекти во Тетовско-гостиварската епархија, на ист принцип на реализација, изјави Валентина Илијевска, ликовен уметник, конзерватор и реставратор, надворешен соработник на МПЦ-ОА.

Покрај Илијевска, во стручниот тим учествуваат и претставници и стручни од областа на архитектура и градежништво, ликовна дејност и историја на уметност, лидер на тимот, Цветанка Хаџи-Пецова, архитект и претставник од НКЦ-Скопје заедно со Мирјана М. Машниќ историчар на уметност, Филип Манојловски градежен инженер при ИЗИИС .

Им се заблагодаруваме за досегашната успешно остварена комуникација и соработка, пред сè со свештенството кое несебично излезе во пресрет за совладување на проодноста на теренот при извршување на увидот, но не изоставајќи го и локалното население, воедно и црковниот одбор кои беа срдечни и гостопримливи кон тимот, кажа Илијевска.

Проектот почна со свечено отворање и обраќање, воедно конференција со запознавање на содржината на проектот на 5 мај 2022 во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи” во Нерези, ИКОМОС Македонија на чело со претседател Кристина Бицева, како носител на проектот „Мониторинг на православното културно наследство” заедно со стручните лица и неговите членови кои се организирани во тимови, за полесно спроведување на проектот, кој е предвиден да се изврши во текот на 2022 и 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот